Мени

Трета седница на Советот на Општина Куманово - 57 точки на дневен ред

Трета седница на Советот на Општина Куманово - 57 точки на дневен ред

Советот на Општина Куманово утре ќе одржи редовна седница. На дневен ред се дури 57 точки. Советниците ќе ги разгледаат извештаите за работа на јавните претпријатија и установи за тековната година, но треба да расправаат и да донесат одлуки за повеќе програми за работа за наредната година. 

На автопат Куманово - Скопје - Велес санкционирани 90 возачи за брзо возење

На автопат Куманово - Скопје - Велес санкционирани 90 возачи за брзо возење

Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата денеска од 9 до 15 часот спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Куманово - Скопје - Велес за откривање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената. Притоа се санкционирани 90 возачи. 

Кумановскиот плоштад украсен со новогодишни украси изработени од ученици

Кумановскиот плоштад украсен со новогодишни украси изработени од ученици

Наместо традиционалните светилки и лампиони, учениците и професорите по ликовно воспитување од основните и средни училишта во Куманово, денеска го украсија паркот на градскиот плоштад со украси од хартија, пластика и еко матерјали, кои самите ги изработија.

Кумановци повеќе се знаат по прекарите од чаршијата, отколку по имињата од кумовите (видео)

Кумановци повеќе се знаат по прекарите од чаршијата, отколку по имињата од кумовите (видео)

Ушле - затоа шти има големи уши, Лопата - заради големите шаки, Тртле - ако имал голем задник, Туберан -  ако е анемичен, Врапче или Сокол - ако има тенок нос и мали очи, Тарзан или Лав - затоа што е храбар, Цуце - поради тоа што е низок, Кукла - ако е убава, Прдле - ако некогаш се посрамотил, Соларци - тргувале со сол, Отљанац и Которац - од мeстата каде се доселиле... 

Кумановската болница 4 години нема мамограф,  a расте бројот на нови болни од рак на дојка

Кумановската болница 4 години нема мамограф, a расте бројот на нови болни од рак на дојка

Повеќе од 4 години не работи мамографот во Кумановската болница, па 30 илјади жени се оставени без соодветна здравствена заштита. Стариот апарат, кој беше донација, се расипа уште во октомври 2017 , па оттогаш пациентите можат да се прегледаат само на ехо, а за мамограф плаќаат приватно или одат во околните градови и Скопје.