Годишен концерт на „Српски вез“ пред Центарот за култура Културно уметничко друштво „Српски вез“ од Куманово во сабота ќе одржи годишен концерт, по повод 8 години постоење и успешна работа. Концертот ќе се одржи на платото пред Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ со почеток од 18 часот.
Куманово денеска со тројца починати и 41 новозаболен од коронавирус Во Центарот за јавно здравје во Куманово регистрирани се тројца починати и 41 случај на ковид-19. Починатите се на возраст од 65, 71 и 80 години.
Приведена лекарка во Куманово поради сомнение за примање поткуп и злоупотреба на службена положба Полициски службеници од СВР Куманово - Отсек за економски криминал, по претходно добиени оперативни сознанија, односно основано сомнение за примање поткуп и злоупотреба на службената положба од страна на лекарката Е.С., и обезбедена судска наредба, утринава во 7 часот извршиле претрес во работни простории на Очното одделение при ЈЗУ Општа болница - Куманово и патничко моторно возило „опел астра“, паркирано во кругот на болницата.
Приведен кумановец - му нашле кокаин Во СВР Куманово бил приведен О.Џ.(27) од Куманово, откако вчера попладне при контрола на граничниот премин Табановце, кај него бил пронајден кокаин.
Општина Куманово ќе донира 100 илјади денари помош за семејствата на загинатите во Тетовската болница Општина Куманово ќе додели помош од 100 илјади денари на семејствата што изгубија свои членови во пожарот во модуларната болница во Тетово.
Дуалното образование дава резултати, учениците задржани во општинските училишта Социјалниот дијалог, кој го започнавме оваа календарска година со компаниите, училиштата и локалните самоуправи, со цел да се воведат струки што се побарувани во реалниот сектор и тие да се спроведуваат во средните училишта во општините даде резултати.
Казнети 13 возачи за брзо возење во Куманово Полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната. На подрачјето на СВР Куманово санкционирани се 13 возачи.
Вчера се вакцинирале 12.099 граѓани Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација.
Еден починат и уште 44 новозаболени од коронавирус во Куманово Во последните 24 часа регистрирани се 554 нови случаи на ковид-19, а направени се 4.072 тестирања.
Во Куманово 76 ученици и 17 вработени заразeни со ковид-19 Еден вработен и 10 ученици од повеќе основни и средни училишта во текот на вчерашниот ден биле пријавени дека се заразени со коронавирус. Со тоа вкупниот број се искачи на 76 ученици и 17 вработени.
Општина Крива Паланка го објави конкурсот за наградите по повод Денот на ослободувањето „8-ми Октомври“ Наградите „8-ми Октомври“, „Почесен граѓанин на Крива Паланка“ и „Признание за особени постигнувања и придонес за развојот и афирмацијата на Општина Крива Паланка“ за 2021 година и годинава ќе бидат доделени на заслужни поединци и правни лица, по повод Денот на ослободувањето на oпштината.
Нападнат и ограбен кумановец на „Индустриска“ Едно лице е повредено откако утринава било нападнато и ограбено од две лица на улицата „Индустриска“ во Куманово.
Шеесет и прва седница на Советот на Општина Куманово Советот на Општина Куманово утре ќе одржи редовна седница. На дневен ред се шест точки, а ќе се расправа за финсиски извештаи, извештаи за работа, годишен план за вработување, формирање на младиснки совет и доделување на финсиска помош на семејствата на починатите во ковид-болницата во Тетотво.
Дизелот поевтин за 1,5 денари, бензините по иста цена Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 не се менуваат, додека малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) се намалува за 1,50 ден/литар.
Крводарителска акција во Центарот за култура во Куманово Општинска организација на Црвен крст Куманово утре организираа крводарителска акција во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово. Акцијата ќе се одржи од 9 до 15 часот.
Во Табановце пронајден мртов 20-годишен Сириец Дваесетгодишно момче, државјанин на Сирија вчера попладне е пронајден мртов во близина на селото Табановце. На телото на момчето нема траги на насилство.