Мени

Над 95 насто од втората фаза од магистралниот пат Куманово - Страцин е завршена, велат Николовски и Бочварски

Над 95 насто од втората фаза од магистралниот пат Куманово - Страцин е завршена, велат Николовски и Бочварски

Над 95 насто од втората фаза од магистралниот пат Куманово - Страцин е завршена, модернизацијата на овој магистрален пат како дел од Коридорот-8 е од особено значење за целата држава, изјави заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, кој денеска заедно со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми, беа на увид на завршување на градежните работи на овој магистрален пат. Во оваа втора фаза се рехабилитираа 16,6 километри од селото Војник до Страцин. Вкупната вредност на инвестицијата е близу 7,2 милиони евра. 

Оштетен кровот на црквата во Матејче, искорнати и скршени оловните плочи

Оштетен кровот на црквата во Матејче, искорнати и скршени оловните плочи

Непознати сторители го оштетиле кровот на црквата „Успение на Пресвета Богоридица“ во манастирскиот комплекс Матејче, во Општина Липково. Од покривот се откорнати плочи од олово кои ја покривала првата патформа над вратите на црквата. 

Дизелот поевтинува, бензинот поскапува за половина денар

Дизелот поевтинува, бензинот поскапува за половина денар

Од денеска малопродажната цена на дизелот се намалува за половина денари и ќе изнесува 64 денари, додека бензините поскапуваат за половина денари и ќе се продаваат по цена од 73.50 денари за литар БС-95 и 75,50 денари за литар БС-98.

Изложба и промоција на книгата „Наивата во Македонија“ од Гоце Божурски во Куманово

Изложба и промоција на книгата „Наивата во Македонија“ од Гоце Божурски во Куманово

Во Уметничката галерија во Куманово, во среда во 19 часот, за првпат во нашата земја ќе се отвори изложба на македонската наива и ќе се промовира книга за феноменот на творештвото кое припаѓа на оваа област.

Спасовски поднесе оставка од потпретседателската функција во СДСМ

Спасовски поднесе оставка од потпретседателската функција во СДСМ

Министерот за внатрешни работи и потпретседател на СДСМ Оливер Спасовски утрово поднел оставка од функцијата потпретседател во партијата, а вечер ќе учествува на седницата на Централниот одбор на партијата.

Во Куманово фатени 26 пијани возачи и 13 без возачка дозвола

Во Куманово фатени 26 пијани возачи и 13 без возачка дозвола

Поразителна стастика објави МВР во однос на почитувањето на сообраќајните правила и прописи на возачите во Куманово. Во изминатите два дена фатени се 26 возачи во алкохолизирана состојба, а 13 немале возачка дозвола, со што ја загрозиле безбедноста на сите учесници во сообраќајот. 

Започна исплатата на декемвриските пензии

Започна исплатата на декемвриските пензии

Од денеска (понеделник) започнува етапната исплата на декемвриските пензии, соопштуваат од Министерството за труд и социјална политика (МТСП). Пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот ковид-19.