Ќе се реновира големата сала во комитет Со 28.000 евра, пари од североисточниот плански регион, ќе се реновира големата сала во комитет, а покривот на зградата ќе се санира со пари од општинскиот буџет.
Исчезна маж од Младо Нагоричане С.И.(52) од село Младо Нагоричане исчезнал од специјалната установа Демир Капија, каде бил сместен.
Одбележани 71 година од загинувањето на Панче Пешев Со положување цвеќе пред бистата на Панче Пешев во дворот на истоименото Музичко училиште, Сојузот на борци Куманово денеска одбележа 71 година од загинувањето на херојот.
Албион Лимани освои трето мeсто на фестивал во Србија Албион Лимани од Куманово, ученик во петто одделение во основното училиште “Наим Фрашери“ освои трето место на неодамнешниот меѓународен музички фестивал во Нови Пазар, Србија.
Втор по ред Малински фото фестивал Во Куманово утре ќе се одржи вториот по ред фестивал на уметничка фотографија Малински фото фестивал, организиран од фото клуб “Куманово“.
Волонтери од Црвен Крст на спортски игри во Струга Волонтери од Црвен Крст Куманово денеска заминуваат на спортски игри во Струга, организирани од Клуб на крводарители на град Скопје.
Поради дефект тринаесет села без струја Поради дефект во мрежата тринаесет села во кумановско и во општина Старо Нагоричане денеска се без струја, соопштуваат од Регионален центар за управување со кризи.
Во Куманово наврнаа 7 литри дожд на метар квадратен Во Куманово наврнаа 7 литри дожд на метар квадратен во последните 24 часа, покажуваат податоците од Управата за хидрометеоролошки работи од Скопје.
Гимназијалците трети на државен натпревар за сообраќајно-техничка култура Учениците од Гимназија „Гоце Делчев“ викендов во Скопје, екипно и поединечно освоија трето место на државен натпревар за сообраќајно -техничка култура.
Градоначалникот нема информации за надлетувањето со хелихоптери За хелихоптерите што ноќеска го надлетувале липковско, и дали тоа е заради некаков безбедносен ризик, градоначалникот Зоран Дамјановски кажа дека не располага со никакви информации.
Стартуваше е-барање за финансиска поддршка за рурален развој Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој месецов започна со спроведување на проектот за поднесување на е-барање за финансиска поддршка по мерките од програмата за финансиска поддршка на руралниот развој.
Дамјановски реизбран за претседател на Советот на североисточен регион Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски денеска по четврти пат е избран за претседател на Советот за развој на североисточниот плански регион.
Повик за бесплатен одмор за децата од загрозени семејства Во Центарот за социјални работи Куманово до 17 јуни родителите можат да аплицираат за бесплатен одмор на нивните деца.
“Пеперутка“ ги едуцираше кумановци за лимфони Членови на здружението за заштита на правата на болните од малигни заболувања “Пеперутка“ од Скопје, денеска делеа флаери во кругот на Општа болница Куманово за лимфони.
Старо Нагоричане ќе се збратими со романската општина Свинита Општина Старо Нагоричане ќе се збратими со општината Свинита од Република Романија.
Хрватите организираат предавање за Торинско платно Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ утревечер во 20 часот ќе се одржи предавање на тема “Торинско платно“.