На денешната седница на Советот беше изгласан извештајот за работа на ЈП „Пазаришта„, откако советниците побараа од менаџерскиот тим да се отстранат дивите тезги и препродавачите околу пазарите.
Во Центарот за култура "Трајко Прокопиев", синоќа беа промовирани книгите "Основни методи за свирење на тромбон" од Филип Стевановски, "Менаџмент информациони системи, Математика за менаџери и информатичари" од Маријан Стевановски, и "Деловна...
По повод Светскиот ден на науката, Александар Милановски, ученик во Техничкото училиште “Наце Буѓони“ викендов учествуваше на изложбата “Наука на младите“ што ја организираше народната канцеларија на претседателот Ѓорѓе Иванов.
Десетина производители на праз и четириесетина домаќинки учествуваа на годинешнава Празијада што викендов се одржа во дворот на црквата Свети Јован Опсечен во селото Режановце.
Поранешниот претседател на Советот на Општина Куманово, Бранко Арсовски бара од локалната власт повеќе да ги почитува поранешните претседатели на Советот и да ги кани на свечените празнични седници.
Во чест на 69 годишнината од ослободувањето на Куманово денеска во Младинскиот културен центар се одржа Свечена академија на која беа презентирани проектите на Локалната самоуправа.
Бројни делегации од градот и од збратимените градови денеска положија свежо цвеќе на Спомен Костурница и со пригодна програма го одбележаа Денот на ослободувањето на Куманово од фашистичкиот окупатор.
На обвинувањата од Коалицијата За подобра Македонија, за недоделувањето на Ноемвриска награда, одговори претседателката на Комисијата за доделување награди и признанија, Снежана Захариева, која вели дека сите предлози биле квалитетни, па не...
Градоначалникот Зоран Дамјановски и Советот на Општината Куманово, упатија честитка до граѓаните, по повод Денот на одлободување на Куманово - 11 Ноември.