Во две фирми во Куманово одземени се фалсификувани обувки и облека од познатите брендови “најк“, “пума“ и “адидас“, откако координативното тело за заштита на интелектуалната сопственост денеска спроведе акција во десет фирми...
По повод 11 Октомври - Ден на народното востание утре во 11 часот свежо цвеќе пред Спомен костурница ќе положат делегации од локалната, централната власт, борците, јавните претпријатија, училиштата, здруженијата и други.
Mесечно одвојуваме околу 250 илјади денари за користење на пероните, а не добиваме соодветна услуга, тврдат сопственици на автотранспортните претпријатија.
Граѓани од Куманово кои аплицирале на конкурсот за вработување во ЈП “Македонски шуми“ сметаат дека изборот на кандидати е направен на нетранспарентен начин.
Децата од градинката “Синоличка“ денеска го посетија основното училиште “11 Октомври„ и заедно со првачињата цртаа по повод Недела на детето и патронатот на училиштето.