Од септември продолжуваат трибините за земјоделците Во кумановско - липковскиот регион од септември продолжуваат едукативните трибини за земјоделци кои ги организира Регионалниот центар на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството.
Има ли интеракција на часови? Бирото за развој на образование и Државниот просветен инспекторат излегоа со заклучок дека часовите во основните и средните училишта се со класични предавања без интеракција.
Работник падна од кров Милорад Ристовски (54) од Куманово вчера паднал од кров додека работел на куќа на ул. „АВНОЈ„ во Куманово.
Во селата на диво градат куќи Жители на кумановските села куќите и помошните објекти ги градат без да извадат одобрение за градба.
Општинaта ќе менаџира со државното градежно земјиште Општина Куманово во иднина сама ќе менаџира со државното градежно неизградено земјиште, одлучи Владата . Во пакет со Куманово државното неизградено градежното земјиште го доби и општина Охрид.
Честитка за Рамазан-Бајрам од Советот Претседателот на Советот на Општина Куманово Виктор Цветковски упати честитка до сите верници од муслиманска вероисповест по повод големиот празник Рамазан-Бајрам
Цветков: Не сум кодош! Советникот на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општината Куманово Бранко Цветков (73) ги отфрли обвинувањата дека соработувал со тајните служби, откако пред два дена Комисијата за верификација на факти го објави неговото досие под псевдоним „Велешки студент„.
Се реконструираат спортските игралишта Во населбата Гоце Делчев се реконструираат две спортски игралишта.
Кумановци ќе протестираат во вторник Незадоволството од поскапувањата на струјата, парното и нафтата, кумановци ќе го изразат на протест на Градскиот плоштад.
Понеделник - неработен за сите граѓани Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно со Законот за празниците, 19 август (недела), првиот ден на Рамазан Бајрам е државен празник. Бидејќи празникот е во недела,наредниот ден, односно понеделник, е неработен ден за граѓаните на Република Македонија.
Рачна изработка на накит преточена во вистинска уметност Млада кумановка, студентка по италијански и шпански јазик во Софија, изработува оргинален и уникатен накит по нарачка.
Во тек уписите во “Еуро колеџ“ Започнаа уписите во единствената приватна високообразовна установа во градот. Во “Еуро колеџ“ во новата учебна година ќе се запишат 100 студенти.
На градот му фалат велосипедски патеки Куманово нема пункт за изнајмување на велосипеди, ниту доволно уредени велосипедски патеки.
Ќе протестираат ли кумановци против поскапувањата ? Од “Аман“ кои се иницијатори за протестите велат дека се зависи од интересот на граѓаните.
Се реконструира улицата “Ѓуро Пуцар Стари“ Општина Куманово работи на изградба и реконструкција на неколку улици во градот меѓу кои и е дел од улицата “Ѓуро Пуцар Стари“ во населбата Перо Чичо.
Утре крводарителска акција во Центар за култура Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ утре од 9 до 15 часот ќе се оддржи крводарителска акција на која можат да учествуваат сите хумани граѓани.