Општината продаде парцели за згради, фабрики и трговски центар Општината Куманово продаде шест парцели неизградено градежно земјиште за 120 илјади евра.
Ловци го прехрануваат дивечот во липковските ловишта Ловци од ловечкото друштво “Фауна“, преку зима го прехрануваат дивечот во липковските ловишта.
Новинарите ќе протестираат против пресудата за Кежаровски Во вторник, во 12 часот пред Апелациониот суд во Скопје, новинарите ќе протестираат против судската одлука со која новинарот Томислав Кежаровски е осуден на две години затвор.
Во Куманово над 10.000 невработени Во Куманово 10.686 невработени граѓани активно бараат работа, покажуваат податоците на Агенцијата за вработување на Македонија, заклучно со ноември лани.
Овците во Сопот угинале од листерија Причина за угинувањето на 175 овци во кумановското село Сопот е болеста листериоза, предизвикана од бактеријата листерија, потврдуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство.
Oд мигранти од Сиера Леоне украле 5.300 евра Разбојници ноќеска ограбиле мигранти на локалниот пат од Куманово кон село Ваксинце.
Заради нечисти оџаци опоменати неколку јавни установи Неколку јавните институции и приватни фирми во градот се опоменати заради неисчистените оџаци.
Само здрави луѓе да се фрлаат по крстот Момчињата, кои во понеделник ќе се фрлаат по светиот крст, треба да се во добра здравствена состојба, советуваат лекарите.
Рибaрите ќе го прослават Водици на Градскиот кеј Членовите на риболовното друштво “Пчиња“, во понеделник во 11 часот на Градски кеј, ќе го одбележат празникот Водици и Денот на рибарите.
“Лингва плус“ слави 17-ти роденден Школата за странски јазици “Лингва плус“ денеска прослави 17 години постоење и успешна работа.
Во вторник ќе нема настава во училиштата Во вторник ќе нема настава во училиштата, бидејќи почнува штрајкот на просветните работници.
ФЗО Куманово бара осум волонтери Подрачната единица на Фондот за здравствено осигурување во Куманово има потреба од осум волонтери.
Противпожарниот сојуз ќе соработува со колегите од Балканот Општинскиот противпожарен сојуз Куманово годинава ќе ја обнови соработката со колегите од бившите југословенски републики, со кои порано имале соработка.
Светиот крст ќе се фрла во „Св.Тројца„, „Св. Никола„ и „Св. Мина„ На Водици, во понеделник, крст ќе се фрла во базените на црквите „Св.Троица„, „Св.Никола„ и „Св.Мина„.
Навалица за буткици и нозе во месарниците Во месарниците во Куманово деновиве има зголемена побарувачка за свински буткици, коленици и нозе, за подготовка на пивтии за празникот Свети Јован.
Лани имало 2700 крводарувања Општинската организација на Црвен Крст Куманово, лани, бележи 2700 крводарувања, реализирани на 40 - тина крводарителски акции.