Обновено:Се запали кабинет по хемија во Гимназијата Кабинет по хемија во Гимназијата Гоце Делчев се запалил попладнево, по хемиска реакција. На терен е екипа на противпожарната единица и пожарот е изгаснат.
Исчезнатото дете најдено во Средорек Четиригодишниот Агрон Небиу, кој утринава исчезнало од дома, бил пронајден во близина на Автобуската станица.
Трибина на ВМРО-ДПМНЕ за пролетни алергии Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ утревечер во 20 часот, ќе се одржи трибина на тема "Пролетни алергии и како да се заштитиме од нив", во организација на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ ОК Куманово.
Одбележан Денот на пожарникарите Во просториите на Територијалната противпожарна единица Куманово, денеска беше одбележан 20 мај - Денот на пожарникарите во Македонија.
Општините и локалните совети да бидат потранспарентни Младите Европски Федералисти на Македонија спроведуваат проект со кој бараат општините и локалните совети да бидат потранспарентни кон граѓаните.
Ќе се осветува крст во Табановце Во селото Табановце во петок во 10.30 часот, ќе започне церемонијата за осветување на крстот во близина на селската црква “Света Петка“.
Се реновираат санитарните јазли во интернaтот во Драгоманце Се реновираат санитарните јазли во ученичкиот дом во село Драгоманце, со пари од Чешката амбасада добиени преку општина Старо Нагоричане.
Општина Куманово распиша оглас за 15 вработувања Општина Куманово ќе вработи 15 луѓе во проектот „Образование на Роми и на возрасни лица со интелектуална попреченост„.
Бањата Стрновац отворена за капачи Од петокот бањата Стрновац во општина Старо Нагоричане е отворена за капачите.
Гужва за вадење пасоши Над 300 барања за пасоши дневно се поднесувале во Оддлението за управни работи во Куманово, минатата недела.
Поради дефект фонтаната „Батко Ѓорѓија“ не работи Поради дефект на електрична инсталација, фонтаната “Батко Ѓорѓија“ на Градскиот плоштад не работи.
Кумановци се степале во Кисела Вода Кумановци по полноќ учествувале во масовна тепачка, која се случила во скопската населба Кисела Вода.
Црвен Крст достави помош во Тоде Мендол Волонтерите од Црвен Крст Куманово вчера доставија храна и постелнина, донација од компании за жителите на населбата Тоде Мендол.
Понеделник неработен за сите граѓани Св. Кирил и Методиј - Денот на сесловенските просветители, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.
Со европски пари ќе се намалува невработеноста во регионот Со 10.000 евра, европски пари ќе се намалува невработеноста во североисточниот регион, информираат од Центарот за вработување Куманово.
Кумановското кино го посетиле 1400 граѓани Киното “Козјак“ лани го посетиле 1449 посетители, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.