Економското училиште на албански јазик пуштено во употреба Без ни едно државно обележје и ниту еден збор на македонски јазик во официјалната програма, денeска беше предадено во употреба новото економско училиште на албански јазик, сместено во некогашната касарна „Христијан Карпош“ во населбата Бедиње.
Соларка бутна бандера Возило на службите што го расчистуваат снегот во градот вчера попладне удрило во електричен столб и го прекинал снабдувањето со електрична енергија на неколку улици во месната заедница „Бајрам Шабани„.
Србите од Куманово го прославија националниот празник Србите од двете политички партии и невладините организации во Куманово, денеска го прославија националниот празник „Свети Сава“.
Утре седница на Совет Советот на Општината Куманово, утре ќе ја одржи деветнаесеттата, редовна седница. На дневен ред ќе се најдат 15 точки, а меѓу другото советниците ќе го разгледаат кварталниот извештај на Буџетот, финансиското работење на „Куманово-гас„, измени за такси превозот , одредување на цената за паркирањето во градот, а предложени се и повеќе измени на Деталниот урбанистички план.
Кумановци истепани во Скопје Двајца браќа од Куманово, ноќеска биле претепани во нивниот стан под кирија во населбата Аеродром, Скопје. Според полицијата, тројца напаѓачи дошле во станот околу полноќ и без причина почнале да ги тепаат.
Гимназијата на албански јазик чека мислење од Владата Советот на родители за отварање на гимназија на албански јазик во Куманово, се закани дека ќе организира протести доколку Министерството за образование и наука наскоро не даде одобрение за создавање на новото училиште.
Марихуаната одгледана во Слупчане Седумдесет и два килограми марихана се запленети вчера попладне на автопатот Куманово -Скопје , пред налатната рампа Романовце. Полицијата уапсила две лица кои со своите автомобиле ја превезувале дрогата со цел да ја продадат.
Училиштето во Старо Нагоричане слави Основното училиште „Светозар Марковиќ„ од Старо Нагоричане, денеска ја слави училишната слава „Свети Сава„. Прославата ќе започне во 11.30 часот со училишна приредба.
Запленети 60 килограми марихуана На автопатот Куманово- Скопје, пред наплатната рампа на Романовце, полицијата денеска попладне запленила поголема количина на дрога.
Салата „Панко Брашнаров“ наскоро во функција Агенцијата за млади и спорт ја обезбеди потврдата за атест на кровната челична конструкција на спортската сала „Панко Брашнаров“ во основното училиште „Магдалена Антова“, што беше неопходна за издавање на употребна дозвола на салата.
Спортската сала во населбата Карпош чека употребна дозвола Шест месеци по пуштањето во употреба спортската сала "Панко Брашнаров" што ја градеше Агенцијата за млади и спорт во основното училиште "Магдалена Антова" во населбата Карпош сеуште не е во функција. Проблем е атестот на кровната конструкција на салата поради што нема добиено употрена дозвола.
МВР со предупредувањe до возачите Низ секојдневниот метеж од луѓе и возила по градските сообраќајници никој не обрнува внимание ниту пак наслутува дека може да биде учесник во сообраќајна незгода или жртва на асфалтот.
Температури до -12! Од денеска земјава ќе ја зафати студено време со врнежи од снег, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Премиера во Кумановскиот театар Во Народниот театар Куманово утревечер премиерно ќе биде изведена претставата „Печалбари“ од Антон Панов во режија на Дејан Пројковски. Темата за печалбарите е секогаш актуелна во Македонија,а особено во Куманово каде во последно време се појавуви еден нов вид на печалбарство.
Старо Нагоричане учествуваше на Саемот за туризам во Охрид Општина Старо Нагоричане го претстави својот туристички потенцијал на третиот Саем за туризам во Охрид, кој се одржа од 17 до 19 јануари годинава.
Мирослав Костовски најсреќен во Св.Тројца Мирослав Костовски (24) беше најсреќен меѓу пeтнаестината момчиња што утринава се фрлија по крстот во водите во базенот на црквата „Света Троица“. Мирослав и претходните години за Водици скокал по осветениот крст, но верува дека оваа година ќе биде посебно успешна за него и за неговото семејство.