До крајот на годината ќе се градат уште 6 спортски терени, најави Димитриевски Градоначалникот Максим Димитриевски најави дека до крајот на 2021 година Општината ќе изгради уште шест спортски терени во основните училишта.
Алексеј Стојановски освои две злата и сребро на Отворените првенства во тенис Деветгодишниот Алексеј Стојановски, член на Тенискиот клуб „Тумба“ - Куманово, освои две златни и една сребрена медала на Отворените првенства, кои во изминатите три викенда се одржаа во Скопје, во организација на Тениската федерација на Република Северна Македонија.
Куманово во 16 часот гостува на Еуро Никел (пренос во живо) Кошаркарите на Куманово ќе се обидат да ја прекинат серијата од три порази по ред, а за противник ќе ја има екипата на Еуро Никел од Кавадарци.
Денеска играат Куманово - МЗТ Скопје Екипата на Куманово денеска во 17 часот го пречекува тимот на МЗТ Скопје Аеродром, во заостанат натпревар од деветтото коло.
Кривопаланечките пингпонгари победници во јуниорската лига Младите пингпонгари од Крива Паланка се победници во јуниорската лига на Македонија, и во машка, и во женска конкуренција.
MOZZART во Србија ја купи траката на Роналдо и уплати 64.000 евра во хуманитарни цели Капитенската трака на Кристијано Роналдо која заврши на тревата на белградската Маракана после квалификацискиот натпревар за Мундијалот помеѓу Србија и Португалија, на хуманитарна аукција ја купи компанија Mozzart и со тоа обезбеди 64.000 евра за лечење на малиот Гаврило Ѓурѓевиќ.
„Колеџ стар“ пристигна и во Македонија - младите спортисти имаат шанса да се развиваат во САД Агенцијата „Колеџ Стар“ од Нови Сад официјално отвори своја експозитура во Македонија, каде што на младите спортисти ќе им се овозможи „кариера по кариера“, а проектот ќе го води поранешниот кумановски кошаркар Бојан Златковски.
Голем триумф на Македонија против Германија Фудбалската репрезентација на Македонија, оствари спектакуларна победа, откако на гостувањето во Дуизбург ја совлада Германија со 2:1 во квалификациите за Светското првенство 2022 во Катар.
КК Куманово утре го пречекува Кожув Екипата на Куманово утре на домашен терен играат натпревар против тимот на Кожув.
Ракометарките ја продолжуваат сезоната против Пелистер После репрезентативната пауза, ракометарките на Куманово во недела ја продолжуваат одличната сезона и ќе гостуваат во Битола каде што ќе се сретнат со тимот на Пелистер 2012.
Кривопаланечките кошаркарки се пласираа во Суперлигата Женската екипа на КК „Крива Паланка“ се пласираше во Суперлигата, откако ја победи екипата на „Пробаскет“ од Кавадарци, со резулат е 93:65, во 14-то коло од Првата женска кошаркарска лига на Македонија.
Со засилување од странство Крива Паланка испишува нови страници во женската кошарка Женската екипа на Кошаркарски клуб „Крива Паланка“ од Крива Паланка, која настапува во Прва лига жени на КФСМ, во преодниот рок од актуелната натпреварувачка сезона, 2020/21, ќе игра во засилен состав со две искусни кошаркарки од странство, а во тренерскиот состав влегува и големиот кошаркарски стратег, Слаѓан Ивиќ од соседна Србија, актуелен тренер во КЖК „Партизан 1953“, Белград.
Андреј Стојановски ќе учествува на меѓународен ММА натпревар во Горњи Милановац Андреј Стојановски (21) ММА борец од Куманово, во сабота на 20 март ќе учествува на Меѓународен натпревар за ММА вештини во Горњи Милановац, Р. Србија.
Куманово загуби од Хапоел Холон Кошаркарите на Куманово загубија од тимот на Хапоел Холон со резултат 74-83 во вториот натпревар од втората фаза во БИБЛ лигата.
Металург ја оправда фаворитската улога, но кумановци одиграа достоинствен натпревар Ракометарите на Куманово загубија во вчерашниот дуел од Металург со 26:36, натпревар во рамките на осминафилната рунда од Купот на Македонија.
Не очекува тежок период, ќе го дадеме својот максимум да го надминеме, кажа тренерот Јанчиќ Машкиот ракометен клуб на Куманово кој настапува во Првата лига, наскоро ќе ги започне дуелите во плејоф разигрувањето – борба која овозможува пласман во најсилното натпреварување во државата, Суперлигата.