Мени

Вести

Четврток 22 јули 2010

Вторник 20 јули 2010

14:58

Коментар: Што се (за)меси во „ Житомел„

Испаѓа дека никого во државава мува не го лази што еден град од 100 и кусур илјади жители останува со денови без доволно леб. Море-е-е.е!. За дрво си плачеме. Сите, со политичарите...

12:59

Црвенковски во Куманово

Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски утре ќе се сретне со партиското раководство во Куманово.

09:11

Општината си ги бара даноците

Сите правни и физички лица од Општина Куманово кои имаат неплатени локални даноци и такси за минатата година треба да ги подмират најдоцна до 31 август годинава, апелираат од кумановската локална самоуправа.

Понеделник 19 јули 2010

14:48

Дрво падна на корса

Багрем висок десетина метри денеска напладне падна и поклопи паркиран автомобил пред Пензионерскиот дом во Куманово. Никој од минувачите и сопствениците на околкните дуќани не е повреден.

14:18

Продолжува штрајкот во „Житомел„

Вработените во „Житомел„ и денеска штрајкуваа во кругот на фабриката и не дозволија да се произведува леб. Тие бараат газдата да им ги исплати заостанатите плати и да ги повлече отказните решенија...

13:11

Застана градбата на „Лукоил„

Причина е што изведувачот на работите „Арс Проект„ не обезбедил сообраќајна согласност за градба, поради што добиле пријава за кршење по Законот за сообраќај.

Сабота 17 јули 2010

11:25

Гужви на Табановце

На граничниот премин Табановце зголемен е бројот на возила кои се движат кон Грција. На преминотот за влез и излез од државата се чека над 30 минути.

Петок 16 јули 2010

14:53

„Житомел„ во штрајк-Куманово без леб

Вработените во најголемото мелничко-пекарско претпријатите „Житомел„ во Куманово, четири дена и ноќи штрајкуваат во работните простории, незадоволни што од февруари не земале плата, а новиот газда не ги исполнува преземените обврски.

14:21

Црвен крст дели вода на граѓаните

Волонтери на Црвениот крст деновиве на неколку пунктови во градот делеа вода за пиење на локалното население во најтоплиот период од денот.

Четврток 15 јули 2010

15:03

Шампонџиите на Батко се издадоа

По објавувањето на информацијата дека непознати сторители во градската фонтана истуриле шампон, поради што Батко Ѓорѓија се капе во пена, сторителите се открија сами.

10:06

Семејното насилство повеќе не се крие

Во Центрот за социјални работи во Куманово во првата половина од годинава има поднесено над 40 пријави за семејно насилство од кои две се однесуваат за насилство врз мажите.

Страница 1.399 од 1.422 · 22.737 вести